Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе се ревидира бугарско-турскиот договор за пренос на гас – Ердоган и Радев имаат 15 месеци да ги испеглаат разликите

/

пред 89 дена

Сподели преку :

Договорот меѓу Булгаргаз и турската државна компанија Ботас се замрзнува, соопшти прес-службата на Советот на министри. Одлуката доаѓа по приватен разговор меѓу турскиот претседател Реџеп Ердоган и бугарскиот премиер Румен Радев, објавија бугарските медиуми.

Замрзнувањето ќе трае 15 месеци, а во тој период ќе се плаќа само искористениот капацитет на турската мрежа за пренос на гас.

Започнаа работите за ревидирање на договорот, со повторно преговарање поради моменталните пазарни услови.

Договорот со Ботас резервира над 1,8 милијарди кубни метри гас за испорака на турска територија и пренос до Бугарија до крајот на 2036 година. Овој капацитет е две третини од бугарската потрошувачка и практично не е потребен на бугарскиот пазар.

Земјата должи 500 илјади евра дневно, без оглед на тоа дали се транспортира гас или не, а рокот на договорот е 13 години.