Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Киев останува без ветените три милијарди евра од Париз – причина е големиот буџетски дефицит на Франција

/

пред 735 дена

Сподели преку :

Германија деновиве објави дека повеќе нема да испраќа тешка воена опрема во Украина. Претходно САД објавија дека, сепак, не дозволуваат употреба на ракети со долг домет за гаѓање на цели на руска територија, а на „чекање“ е големиот воен пакет што го најави Велика Британија. А, Украинците се соочуваат со ново откажување за молк и неверување во Киев.

Франција нема да ги додели ветените три милијарди евра за Украина. Причина е големиот буџетски дефицит, објави министерот за одбрана Себастијан Лекорн, пренесува „Политико“.

Француските средства беа содржани во билатералниот безбедносен договор меѓу Киев и Париз кој го потпишаа Макрон и Зеленски во февруари оваа година. И Украина сериозно сметаше на тие пари.

Но, како што пишува „Политико“, Франција беше принудена да ги намали издатоците за помош на Украина, бидејќи буџетскиот дефицит за 2024 година би можел да достигне 6 отсто од БДП.

Лекорн нагласи дека до крајот на година нема да се бараат дополнителни трошоци од парламентот за помош на Украина.

Според „Монд“, на кој се повикува Аеротајм, најблиските соработници на претседателот Емануел Макрон ја разгелдувале можноста за испраќање на половни „Рафали“ во Украина, но и тој предлог наишол на остро противење на министерот за одбрана. Макрон потоа вети испорака на „Мираж 2000“ за Украина до крајот на годината, меѓутоа Лекорн рече дека и таа помош е одложена.