Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кирби порача дека помошта од САД за Украина е стопирана, Зеленски се прашува како ќе исплати пензии

/

пред 1018 дена

Сподели преку :

Испораката на американска воена помош за Киев сега е запрена, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.

„Го издадовме последниот пакет помош за кој имавме финансиски средства да го поддржиме и затоа е клучно Конгресот да се помести на тоа дополнително барање за национална безбедност“, рече Кирби на брифинг со новинарите.

Последниот пакет помош вреден 250 милиони долари беше одобрен од американскиот претседател Џо Бајден на крајот на декември. Тој побара од Конгресот да гласа за неговото барање за дополнителен буџет од над 100 милијарди долари од кои повеќе од 60 милијарди би биле наменети за Украина.

Републиканците ја блокираа таа мерка, барајќи од Белата куќа и демократите во Конгресот да се согласат за нивниот план за заострување на безбедноста на границата со Мексико.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски се прашува како ќе биде сега за украинските пензионери. Тој ги обвини кандидатот за претседател на САД и гувернер на Флорида, Рон Десантис и републиканците во Конгресот, кои ја блокираа испораката на помошта, дека поради нив пензионерите во земјата нема да ги добијат своите исплати.

„Во Украина има околу 12 милиони пензионери кои едноставно ќе умрат ако не добијат пензии“, се пожали Зеленски.

„Кога Десантис ќе стане пензионер, лично ќе му помогнам со благодарност, бидејќи САД им помогнаа на нашите пензионери“, додаде украинскиот претседател.