Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе бидеме главен партнер во идната влада, го осуетивме планот на власта – заклучоци на ЦК на ВМРО ДПМНЕ

/

пред 1108 дена

Сподели преку :

ВМРО ДПМНЕ вечерва одржува Централен Комитет. Од партијата испратија соопштение за донесените заклучоци, во кои меѓу другото е одлучено да бидат главен партнер во идната влада, со која како што велат ќе ги донесат промените неопходни за Македонија, а потоа велат ќе следи одговорност за сите во различни сфери кои направиле штета.

  • Се реафирмираа ставовите кои беа изнесени во јавноста минатите денови, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ го осуети планот на власта, на оската ДУИ – СДС и поранешни функционери на опозицијата кои одлучиле да се стават на нивно располагање преку валкани дилови за причини само ним познати, а кои директно ќе одат на штета на македонскиот народ. Дополнително, се потврди силната кохезија која ја има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од почеток до крај сите 44 пратеници, а во однос на неприфаќање на уставни измени под бугарски диктат. Воедно, падна во вода и тезата која власта ја пласираше години наназад во јавноста дека партијата ја раководат други лица, затоа што различностите се очигледни денес, се вели во вечерашното соопштение.