Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе успее ли власта да го сруши системот со кој партијата беше клучна при изборот на кадар кој ќе седне во директорските фотелји?!

/

пред 1615 дена

Сподели преку :

Партијата на власт или јавниот конкурс и професионалноста – што ќе биде пресудно во иднина да се седне во државна фотелја? Власта во обид конечно да се донесе Закон за висока раководна служба со кој тврди ќе се елиминира партијата која сега е главна при изборот на кадар. Министерот за информатичко општество Адмирим Алити вели законот ќе се однесува за изборот на генералните секретари во министерствата и директорите во органите во државаната управа, а потоа целта е овој систем на избор на кадар да се пренсе во целиот јавен сектор. Како тоа ќе се постигне ќе се знае во јуни, кога се планира законот да влезе во владина процедура, а претходно  ќе има и јавни расправи.

Експертите и антикорупционерите до сега многупати алармираа дека наместо професионалноста клучен избор на кадрите беше партиската книшка. Се надеваат дека законот ке ги надмине проблемите на кои тие алармирале со години.

Ивановска децидна, со години изградивме систем кој наместо  избор на кадар по по пат на конкурс и фер конкуренција – остава простор за висок ризик од политичко влијание.

Ова не е прв обид да се донесе Закон за високораководна служба. Обид имаше и пред три години од претходниот министер за информатичко општество Дамјан Маченски кој заврши безуспешно, но новиот министер Алити тврди- имало политичка волја  за конечно да се реши овој повеќедецениски проблем.

Александра Филиповска