Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клековски: Антикоагулансите Еноксапарин и Надропарин ќе може да се земат на рецепт во аптека од крајот на ноември

/

пред 351 дена

Сподели преку :

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации.

„Граѓаните веќе не мора да се малтретираат по шалтерите на Фондот за да ги рефундираат средствата за овие листа, ќе има полесен пристап до лековите, а ние ќе имаме помал протисок за работа и ќе можеме да се концентираме на други прашања“, рече Клековски.