Фондот за здравствено осигурување ги повика здравствените установи што имаат апарати за магнетна резонанца да проверат уште колку хелиум имаат, бидејќи цените на овој гас се зголемија по војната во Иран. Апелот е упатен додека се уште има хелиум на европскиот пазар.
„Заради војната во Иран упативме барање за внимание на јавните здравствени установи, бидејќи еден од ланците кои ќе се прекине е хелиумот. Тој е неопходен за работата на магнетната резонанца, и побаравме да се направат навремени проверки на состојбите на магнетните резонанци во земјата дур се уште има достапен хелиум во државата и на европскиот пазар“, изјави Сашо Клековски, директорот на ФЗО.
Т.Д.











