Во приватните клиники се работи само кардио-хирургија и васкуларна хирургија, стентирање ние не плаќаме во приватните здравствени установи, рече Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, на денешната прес-конференција.
„Во „Жан Митрев“ во 2024 година имало 1.376 интервенции, во „Систина“ – 1.152, во Државна кардио-хирургија – 248, Тораковаскуларна хирургија – 439. Ова се само интервенции што се однесуваат на срце и на крвни садови. Кардиологија има 2.276 и таму, условно да кажам, има најмногу стентирање“, во Битола има 408, во Тетово има 974, во Штип има 1.016, специјалната болница во Охрид има 1.339, Струмица има 19 пријавени и „8 Септември“ – 157. Или вкупно 9.404 интервенции имаме забележано во 2024 година“, посочи Клековски.
Тоа се, како што додаде, реализирани интервенции.
„Разликата меѓу „Мој термин“ и нашиот систем е што кај нас броиме извршени и фактурирани услуги. Во „Мој термин“ некогаш се бројат и закажани интервенции, а нереализирани“, рече Клековски.
Според него, вкупниот број на интервенции во 2024 година е за околу 400-тини помал во однос на 2023 година.











