Проблемот со недостатокот на биолошка терапија на онкологија не е поради пари туку поради лоша организација на средствата.
Тие до сега биле научени да земаат лекови на реверс, таа пракса ќе се обидеме да ја смениме но најважно од се е да направиме регистар на пациенти бидејќи не знаеме колку терапија и за колку пациенти е потребна.
Оваа изјава на директорот на Фондот за здравствено осигурувањње доаѓа, откако вчера онколошките пациенти алармираа дека од крајот на минатата недела се оставени без биолошка терапија односно недостигаат пет лекови за пациентите со метастазиран канцер.











