Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клуб за македонско – бугарско пријателство во обид да гради мостови на пријателство меѓу двете земји

/

пред 1615 дена

Сподели преку :

Предавници! Вака на социјалните мрежи ги нарекле иницијаторите на Бугарско-македонскиот клуб, но тие ќе се ангажираат на спротивното и на градењето мостови на пријателство.

Историчарите предупредуваат дека минатото не треба да се става во фунцкија на актуелната политика.

Бугарскиот историчар Стефан Дечев предупредува дека црвените линии што ги исцртаа парламентите во двете земји се чиста идеологија која не води кон решение.

Овој клуб го смета за спротивност на националистичките наративи. Бугарските учесници се за враќање на основите од договорот потпишан во 2017-та и против воведеното вето.

„Вие не гледате ли противречност во тоа што ветото беше ставено пред да се побара внесување на Бугарите во Уставот? Тоа беше ставено заради Гоце Делчев и работата на историската комисија, а потоа се појави барањето за впишување на Бугарите како главно и водечко бугарско барање. Го немаше ниту во договорот, ниту во декларацијата во Парламентот, ниту во објаснувачкиот меморандум од септември 2020-та.“ – – вели универзитетскиот професор, Стефан Дечев.

„Самото вето создаде негативна историја, негативна енергија. Тоа  попречи и уште долго ќе пречи историскиот спомен да биде некако објективизиран. Ние немаме потреба од некаков компромис, нема потреба да седнат и да се договараат ова за вас, она за нас! Нам ни треба катарза од двете страни“  – додава друг бугарски интелектуалец. 

Во овој клуб се приклучиле 100-тина професори, интелектуалци, новинари и граѓански активисти од двете земји.

Наместо говор на омраза, бараат шанса за поинаква, пријателска и добрососедска атмосфера во двете општества.

Соња Николовска