Израелскиот парламент денеска усвои Декларација против основање на палестинска држава, во време на зачестени меѓународни повици дека со моделот на две држави да се постигне решение на деценискиот конфликт меѓу Израелците и Палестинците.
Конзервативната партија Ликуд, на чие чело е премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти дека 99 од 120 пратеници ја поддржаа декларацијата која неодамна беше прифатена и од владата, пренесоа израелските медиуми.
Израелски став, исто така, е дека секој договор со Палестинците треба да се постигне со директни преговори меѓу двете страни, а не со меѓународни диктати.
За декларацијата гласаше и лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид кој пред пратениците рече оти не верува дека САД имаат намера за унилатерално признавање на палестинска држава.











