Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коцевски: Нема основ за разрешување

/

пред 594 дена

Сподели преку :

Не открива детали од тоа што го пишува во предлогот за негово разрешување, но ги отфрла сите наводи. Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, денеска кажа дека во разумен рок ќе се произнесе по сите точки, откако вчера му бил доставен документот од страна на Советот на јавни обвинители.

Ова следува откако Владата пред еден месец покрена постапка за разрешување на Коцевски и го задолжи Министерството за правда да ги започне неопходните активности.

Според власта, главна причина за смена на државниот обвинител е нарушената доверба во судството. Сметаат дека спротивно на законот постапувал во предмети каде што во прашање била доведена неговата непристрасност и обвинуваат за судир на интереси.

„Останувам на тоа дека од она што имав можност да го разгледам, во предлогот нема ниеден основ за утврдување на тешка дисциплинска повреда. Отприлика, Владата се повикува на истото што беше истакнато од Владата во последниот период“, вели Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител. 

Пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, републичкиот обвинител Коцевски ја коментираше и кривичната пријава која ја поднесе суспендираниот виш обвинител Мустафа Хајрулахи, против него и тројца други обвинители.

Пријавата е за злоупотреба на службена положба и овластување.

Од тоа што го слушнав од медиумите, досега навистина чудна кривична пријава, барем ако е тоа содржината. Наводно, сите тројца обвинители се теретат за некакво соизвршителство затоа што јавниот обвинител во Штип постапувал по предмет, односно за кривично дело по член 143 за коешто е запретена казна за коешто е нужно да се води истрага, кажа обвинителот Коцевски. 

Инаку, дисциплинската постапка против суспендираниот виш обвинител Хајрулахи ја иницираше државниот обвинител Коцевски, а во штипското обвинителство се води кривичната постапка за злоупотреба, но и за малтретирање во вршење на службата, откако група вработени во обвинителството поднесоа пријава против Хајрулахи.

Петар Догов