Кочанските оризопроизводители утре во 13 часот ќе присуствуваат на состанок во Скопје на кој ќе бидат ресорниот министер Цветан Трипуновски и претставници на откупувачите.
Оризопроизводителите во петокот најавија дека ќе протестираат оти околу два месеца нема откуп на оризовата арпа, а цената е ниска и е на ниво од пред три години. Околу 80 проценти од минатогодишната реколта е во амбарите и стои неоткупена, а земјоделците немаат пари ниту за егзистенција, ниту пак да се подготват за новата сеидба.
Викторија Јованова











