Јавниот обвинител Љупчо Коцевски nајави брза и ефикасна истрага која ќе биде најпрофесионално изведена. Според него, се работи за многу тежок, комплициран предмет во кој има многу жртви.
„Ветив и ќе останам на тоа ветување дека истрагата ќе биде брза и ефикасна. Меѓутоа не значи дека ќе биде избрзано. Мора да се соберат сите докази по легален пат, мора доказите да си имаат доказно својство, односно да бидат на законит начин прибавени, што значи дека обвинителскиот тим постапува многу претпазливо, и многу внимателно“, изјави вчера Коцевски за телевизија „Сител“.











