Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коцевски: Полицијата и обвинителството во акција се проверуваат камерите, и инволвираните за бегството на Груби

/

пред 672 дена

Сподели преку :

Обвинителите и полицијата денеска тргнаа во истрага да откријат дали еден или повеќе лица помогнале осомничениот Артан Груби да ја премине границата со Косово, откако МВР поднесе кривична пријава против вработен на царината. Иако се бара со меѓународна потерница, а последната трага за него води кон Косово, не се отфрла можноста тој да поседува албанско државјанство и да го продолжил патувањето под радарот на полициите од регионот.

Откако најави деќа ќе се врати Груби веќе не се огласи во јавноста, побара укинување на притворот, а неговиот адвокат Владимир Доневски денеска се огласи дека нема основ Груби да се гони за тоа кривично дело.

Вели дека медиумите и јавноста ќе можат да го следат процесот и сами да донесат заклучок дали постојат докази за утврдување на вина кај Артан Груби.

„По утврдување на она со кое досега судот располага и анализа на аргументите на јавното обвинителство, според нас нема основи на сомневање за сторено кривично дело предвидено со закон. Одбраната и сите аргументи ќе бидат изложени во рамки на законски предвидената постапка, сѐ со цел да биде убеден и судот и јавниот обвинител дека нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува Артан Груби“, се наведува во дописот до медиумите на адвокатот на Груби, Доневски.

А, обвинителството ја има на ум кривичната пријава против осумтемина посочени до МВР за злоупотреби поврзани со државната лотарија. Одново тврдат дека ако соберат докази на истрагата ќе се приклучат и поранешниот премиер и екс генералниот секретар на владата.

Ако биде приведен Груби, земјава ќе треба да почне постапка за екстрадиција. Со оглед на последните искуства, според експертите ќе се отворат два формални предизвици. Едниот е тој навистина да поседува двојно државјанство, а втората е тој да побара азил како во случајот на Никола Груевски.

Павле Беловски