Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Анонимно писмо го предвиде изборот на Синани во антидискриминација

/

пред 111 дена

Сподели преку :

Во четвртокот попладне, Собранието на раб на потребниот цензус и на мнозинство, го избра Исмаил Синани за нов член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Владеачкото мнозинство го избра и покрај критиките на невладиниот селктор кој постојано се бори на терен против дискриминацијата бидејќи сметаат дека Синани кој е новинар по професија, а политиколог по образование, нема искуство, а има опасни ставови против феминизмот и родовата еднаквост.

КОД во своето вечерашно издание открива дека повеќе организации биле известени дека Синани ќе биде избран три недели пред воопшто да се појави на јавната расправа во Собранието и да ја претстави својата кандидатура.

КОД вечерва истражува кој ги финнсира антиродовите движење и која е улогата на религиозните групи,  на руското влијание и на влијанието на американски десничари врз општествениот живот во Македонија и регионот.