Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД дознава: Судскиот совет архивирал претставка против негов член – како анонимна, не била од јавен интерес

/

пред 1240 дена

Сподели преку :

Иако имало пријава за корупција при избори на судии против член на судскиот совет, Судскиот совет претставката не ја проверувал туку проценил дека како анонимна претставка не е од јавен интерес и ја архивирал.

КОД во вечерашното издание за пазарењата во судскиот совет, но и за вакви сомнителни непостапувања. Во претставката стои дека членот на судскиот совет од Штип определувал кој смее, а кој не смее да се запише на академијата за судии и обвинители.

Новиот претседател на Судскиот совет е токму од Штип а активно учествуваше во пучот во Советот.

Постојано кршење на законот, внатрешни пазарења поради надворешни влијанија, караници и нов удар врз рејтингот на судството.

Во КОД вечерва и за големите пропусти на судскиот совет кои не презеле мерки против судии и претседатели на судови кои не го почитувале законот. Соговорниците на КОД сметаат дека оставки на членовите на судскиот совет се единствено решение и бараат и претседателот Пендаровски да се вклучи и да ги разреши членовите на Судскиот Совет кои се негов предлог или сам да си преземе одговорност за нивните грешки.

“Какви скандали се кријат во Судскиот совет”, епизодата на КОД емитувана во недела (14.05.2023.) во 19:15 на Телма.