Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Исповед на тешко повреден пешак кому не му е земена изјава за сообраќајната несреќа во која загина неговата девојка

/

пред 483 дена

Сподели преку :

Уште една тешка сообраќајна несреќа во која настрадаа двајца пешаци се случи пред десет дена во Охрид. Жена загина, а нејзиниот партнер е тешко повреден откако возач без дозвола со позајмен автомобил ги прегази со двојно поголема брзина од дозволената и откако прелетал преку кружен тек.

Повредениот пешак во изјава за КОД вели дека му е чудно што досега никој не му зел изјава на записник за настанот.

И додека од охридската полиција тврди дека изјавата му била земена, од обвинителството тврдат дека ќе му земат исказ во зависност од здравствената состојба.

Повредениот се сомнева дека нешто се крие бидејќи никој не го контактира и жали по трагичната судбина својата девојка која загина и остави две деца од првиот брак.

Во КОД вечерва и статистиките на МВР – од почетокот на годината досега загинале 51 учесник во сообраќај меѓу кои 6 пешаци и двајца велосипедисти. МВР тврди дека црната бројка се намалува. С

удските вештаци пак имаат проблеми при подготвување на извештаите за судските процеси.

Во КОД вечерва и анализа за доживотните казни за обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жожовски и како таткото на Вања е ослободен.

Емисијата е веднаш по вечерните вести.