Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кои се условите за вршење на угостителска дејност?

/

пред 584 дена

Сподели преку :

За вршење на угостителска дејност мора да бидат исполнети минимално пропишаните технички услови. Тие се:

  • Санитарно здравствени услови,
  • Услови за заштита при работа
  • Заштитата и унапредување на животната средина
  • Противпожарна заштита и условите за заштита од бучава пропишани со законот

Угостителската дејност во угостителски објекти

  • Ноќен бар
  • Кабаре
  • Дискоклуб
  • Дискоклуб на отворен простор

Може да се врши ако угостителот обезбедил и согласност од органот на државната управа надлежен за работите од областа за внатрешни работи дека се исполнети за заштита на јавниот ред и ми и безбедноста во сообраќајот.

„Согласно член 7 од Законот за угостителска дејност, угостителот е должен исполнувањето на условите од член 6, став 1 на овој закон и започнувањето со работа да го пријави на Државниот пазарен инспекторат, на градоначалникот на општината, а во градот Скопје на градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје според местото и седиштето на објектот, односно според местото каде што се даваат услугите, најмалку 15 дена пред почетокот на работењето на угостителскиот објект“, се вели во одговорот од министерството за економија и труд.

Истото важи и ако се прави промена. Ова го пишува во одговорот од Министерството за економија, на прашањето на Телма како оди постапката за работа на еден угостителски објект од почеток, па се до делот за добивање на лиценцата.

Стои и дека согласно член 8 од законот за Угостителска дејност, градоначалникот на општината води евиденција на угостителите кои отпочнуваат со работа на нивното подрачје. За добиваме на лиценца за работа пак се поднесува барање до Министерството за економија.

Објектот во кој се случи несреќата, бил регистриран за лесна индустрија и така работел 15 години, кажа министерот за внатрешни Тошкоски. Ова значи дека така функционирал во време на повеќе влади, министри, градоначалници, директори на инспекторати.

Премиерот Мицкоски тврди дека градоначалникот на Кочани без одговорност си поднел оставка.

„Градоначалникот без никаква одговорност е доблесен и поднесе денеска оставка, бидејќи ништо не зависи, во овој случај од него, Општината има ингеренции во делот на комуналните инспектори да проверат ако има тераса соодветна на елаборатот. Јасна е одговорноста на институциите во минатото, имаме фалсификувана лиценца за кеш, вели Мицкоски.

Мицксоки рече дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабаре, но со оглед дека се со рок од една година не се знае колку од нив се валидни.

Зошто досега не е направено ревидирање на лиценците – од министерството за економија одговорија дека истрагата е во тек, ќе ги остават надлежните МВР и обвинителство да работат и кога ќе се соберат сите веродостојни информации ќе дале изјава за медиумите.

Ирена Чачкова