Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба за период од 60 дена по бегството од затвор на Адолфо Масијас, водач на Лос Чонерос, една од најголемите криминални банди во земјата. Во наредните два месеца, војската ќе биде распоредена на улиците и во затворите, а се воведува и полициски час од 23 часот навечер до 5 часот наутро. Масијас во неделата побегна од затвор и по него трагаат 3.000 полицајци и припадници на вооружените сили.
„Штотуку потпишав Декрет за вонредна состојба, со цел Оружените сили да ја имаат сета политичка и правна поддршка за нивните акции. Мина времето кога осуденици за трговија со дрога, убијци и организиран криминал и диктираа на владата што да работи“, рече Нобоа.
Нобоа ја презеде функцијата во ноември и вети дека ќе го сузбие растечкото насилство во јужноамериканската држава.
Еквадор во минатото важеше за „остров на мирот“, сместен меѓу два најголеми светски производители на кокаин – Перу и Колумбија. Но, пристаништата го направија Еквадор клучна транзитна точка за пробив на кокаинот со САД и Европа.
Аналитичарите сметаат дека еквадорските банди, како Лос Чонерос работеле со странски синдикати, вклучително и со мексиканските картели, бразилските банди, па дури и со албанската мафија.
Властите ја обвинуваат Лос Чонерос дека ги контролира главните затвори во Еквадор кои долго време беа сцени на главното насилството во земјата. Безбедносните сили се соочуваа со бандите во преполните затвори, во кои затворениците честопати ја преземаат контролата и раководат со криминалните мрежи зад решетките.
Затворската полиција во понеделникот, кога беше забележано дека Масијас го нема, информира за инциденти во шест преполни затвори во Еквадор. Во еквадорските затвори се чести инцидентите меѓу ривалските банди, а во нив од 2001 година загинаа над 400 затвореници.
Хозе Адолфо Масијас Вилјамар, познат како Фито, беше осуден на 34 затвор во 2011 година за злосторства, вклучувајќи и трговија со дрога и убиство, а како што пишува „Би-Би-Си“, се смета дека неговата банда ради и со моќниот мексикански картел Синалоа.
Фито се сомничи и за улога во убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилјависенсио на кого му испратил смртни закани.
Затворот Ла Регионал, во кој Фито мина 12 години, се наоѓа во голем затворски комплекс во кој се сместени 12.000 затвореници. Во август накратко беше префрлен во Ла Рока, мал затвор во истиот комплекс, кој важи за побезбеден поради помалиот број на затвореници. При неговиот транспорт од Ла Регионал во Ла Рока учествуваа околу 1.000 војници.
Фито има едно бегство од затворскиот круг во минатото. Заедно со уште 17 затвореници во 2013 година побегнаа со чамци од Ла Рока. Четири месеци подоцна беше уапсен со брат му и колеги од Лос Чонерос и во тоа во куќа на нивната мајка.
Лос Чонерос е основана во 2005 година од Хорхе Бизмарк Велиз Еспања во градот Манта. Групата во почетокот броеше само осум члена на возраст од 18 до 30 години. Во годините што следуваа, Лос Чонерос се искачи на врвот на организираниот криминал во Еквадор и тоа со помош на најголемиот нарко дилер во земјата познат како Џералд.











