Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Кој е следен?“ ќе одржи онлајн состанок за добивање предлози пред седницата на Постојната анкетна комисија за Кочани

/

пред 318 дена

Сподели преку :

Движењето „Кој е следен?“ најави дека ќе одржи онлајн состанок на на шести декември (сабота) во 18 часот со цел  сите заинтересирани граѓани да се пријават, да го споделат својот став и да дадат придонес во институционалната расправа.

„Во нашето обраќање пред Комисијата сакаме да вклучиме ставови и барања од граѓаните на Македонија, кои со години се занемарени, игнорирани и изманипулирани од институциите што треба да ги штитат,“ стои во нивното соопштение.

Протесното движење претходно соопшти дека добило официјална покана да учествува на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието, закажана за 9 декември 2025 година.

Како единствената точка на дневниот ред е претставката на здружението на родителите од Кочани „16-ти Март“, со која се бара политичка одговорност и законски измени што ќе спречат повторување на трагедија како онаа што однесе 63 животи.

Од „Кој е следен?“ додаваат дека сите добиени предлози ќе бидат систематизирани и презентирани пред пратениците, бидејќи процесот мора да биде транспарентен, инклузивен и насочен кон утврдување на политичка одговорност и подобрување на институционалните механизми за заштита на граѓанските права.

Т.Д.