Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кој енергенс да се користи во домовите – граѓаните реагираат дека која опција да ја одберат ќе ги чини скапо

/

пред 1074 дена

Сподели преку :

Иако енергетската ефикасност значи помала потрошувачка на струја и помало загадување на животната средина, кај нас повеќе се зборува но слабо се применува. Во услови на остварувањето на Зелената агенда во  Македонија зголемувањето на субвенциите и еко кредити ќе им овозможи  на граѓаните да преземат повеќе активности за  реновирање на своите домови и купување  на производи со висока енергетска ефикасност, како и користење на Обновливи извори на енергија, велат од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Инсистираме во општините каде одиме,  јавноста да се заземе во рамките на Советите на потрошувачи, Советите на општината да се заземада има подобри субвениции, затоа што без субвенции тешко се дојде  до вакви можност. Не можеме да ги смениме нашите домашни апарти и уреди, доколку има висок ДДВ, тие се скапи, со енергетска  ефикасни, кои ќе ни трошат помалце во домот, вели Марјана Лончар Велкова, претседател на ОПМ.

Кај нас речиси и да нема информации или советување за заинтересираните граѓани да им  е објаснат политиките и достапните мерки и да им се помогне како да испланираат инвестиција во енергетската ефикасност со буџетот кој им е на располагање. Со проектот Потрошувачите во срцето на енергетската политика, ОПМ се обидува да обезбеди повеќе сознанија за енергетската ефикасност.

Емилија Мисирлиевска