Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Ископ на јаглен, РЕК Битола

Кој ќе копа јаглен за потребите на РЕК Битола, на новиот повикот пријавени две компании

/

пред 597 дена

Сподели преку :

Две компании доставиле понуди на повиокот на ЕСМ со кој се бара фирма која ќе копа јаглен во рудникот Брод Гнеотино за потребите на РЕК Битола. Ова за Телма го потврдија од ЕСМ. Оној кој ќе биде избран всушност ќе ги замени Марковски компани со кои сегашното раководство го раскина договорот заради неисполнување на обврските.

На претходниот повик ниту еден од пријавените не ги исполнуваше условите, па од ЕСМ најавија промени, за да има поголема конкуренција.

Додека да се најде комапнија која ќе го работи тоа, привремено јаглен за Рек Битола ископува компанијата  Топлина од Подмоље, фирма која заедно со уште  две струмички фирми кои се поврзуваа со луѓе блиски до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, беше подизведувач на Марковски компани во раскинатиот договор.