Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Колегите со поддршка за директорот на Неврологија Кузмановски- опозицијата бара и кривична одговорност

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Колегите од Клиниката за неврологија преку писмо изразуваат поддршка на проф. д-р Игор Кузмановски како одговор на неодамна објавениот компромитирачки материјал со кој, како што велат се дискредитира неговата личност и апелираат како што посочуваат, за воздржаност во јавниот дискурс, за почит кон човековото достоинство и за поддршка која е во согласност со вредностите на медицинската заедница и општеството во целина.

Кузмановски беше снимен како меша бела прашката материја. “Ниту во еден момент не е забележано однесување кое би било недолично, несовесно или спротивно на професионалните стандарди, се наведува во реакцијата на вработени на клиниката за неврологија. Лекарската комора , најави дека ќе го разгледа случајот со екс директорот на неврологија по објавување на видеото на кое се гледа како консумира „бела прашкаста материја“.

Од комората предупредуваат дека докторската професија има специфична димензија која налага високо етичко и морално однесување.

Опозицијата бара и кривична одговорност. Кузмановски беше разрешен од министерството за здравство, а владејачката ВМРО ДПМНЕ во соопштение ја поздрави реакцијата на министерот.

Разрешен директорот на неврологија Кузмановски откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој зборува за „шмркање бело“

Б.С.