Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Командирот од ПО Ропотово е суспендиран, пушката е пронајдена и се вештачи – поднесена е кривична пријава во ОЈО

/

пред 1134 дена

Сподели преку :

Семејното славје брзо се претвори во суспензија од работа. Командирот на полициското одделение Ропотово веќе е изведен пред органите на прогонот.

Пронајдени се чаури и пушката која командирот најпрво ја добива од друго лице, кое го упатува како да пука. Собрани се и снимките од настанот. Меѓу нив е и онаа којашто е објавена на социјалните мрежи.

Настанот се случил на свадба во село Дебреште, во околината на Прилеп. Против командирот веќе е поднесена кривичната пријава.

Според информациите објавени во соопштението на полицијата, триесетгодишниот командир е под сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

 

„Тој што со општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ако делото е сторено на место каде што се собрани поголем број луѓе, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години“ – извадок од Член 288 од Кривичниот законик.

Командирот вчера беше приведен во полиција на информативен разговор и сега се чекаат информациите од надлежните органи за понатамошниот тек на постапката.

Ова не е првпат полицајци да пукаат во воздух. Ваков сличен случај во билтените на МВР имаше и пред три години. Тогаш полицаец се веселел пред кафеана во Крива Паланка.

Дел од униформираните полициски службеници како службено оружје имаат и автоматски пушки или пиштоли, но нивната употреба е строго регулирана и дозволена исклучиво во полициски операции, активности, тренинзи и вежби.

Според Законот за оружје строго е забрането поседување и употреба на автоматско оружје. Цивили немаат никаква можност легално да поседуваат автоматски пушки и калашникови. За прекршување на законот се предвидени строги затворски казни.

Петар Догов