Комисија за надзор на работата на судовите при Министерството за правда денеска е во Основниот суд Кавадарци. Комисијата ќе изврши надзор на работата на АКМИС системот.
Министерот Лога вели надзорот во Основниот суд во Кавадарци е дел од редовните активности. Тој минатата недела го разреши Лазар Нанев од претседател на Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи и иницираше постапка за изработување на нов правилник.
Огнен Чанчаревиќ беше пред кавадаречкиот суд и директно се вклучи во вестите во 15:30 часот.











