Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комисијата за прашања на избори треба да го соопшти предлогот за нов член на Судскиот совет

/

пред 224 дена

Сподели преку :

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Утврдување на предлог-листа за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.

На 26-ти минатиот месец пред Комисијата се претставија шестмината кандидати за кандидати кои ги исполнуваа условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.

Новиот член на Судскиот совет ќе се бира помеѓу Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово,  Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од од с. Чејле, Гостивар, Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од с. Равен, Гостивар, Фадил Џелил, магистер на правни науки со положен правосуден испит од с. Чегране, Гостивар, Светлана Попова, магистер на правни науки со положен правосуден испит од Штип и Сејфула Османи, доктор на правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште.