Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коморите незадоволни од вчерашната средба во владата свикаа итен состанок

/

пред 1471 дена

Сподели преку :

Кризниот штаб на Стопанската комора денеска одново заседава. Темата е енергетската криза и проблемите со високите трошоци за струја. Претходно комората и даде ултиматум на владата заклучно вчера да донесе пакет антикризни мерки во спротивно предупреди дека околу 20 проценти до фирмите ќе затворат и ќе ги отпушат вработените.

Но, по вчерашниот состанок во владата, бизнис заедницата попушти и и го продолжи рокот за уште 7 дена владата да го комплетира пакетот. Без мерки конкретни решенија заврши и состанокот на економскиот совет.

Во најава е зголемување на производството на електрична енергија од АД ЕСМ за 25%, како и напори да се обезбеди електрична енергија со пониска берзанска цена за што веќе се водат преговори со неколку земји.

Одново во игра е вклучувањето на електраната ТЕТО, при што нејзиното производство би било понудено на приватниот сектор по фиксна цена, согласно движењето на берзанските цени на гас. Но за овие решенија потребно што поскоро изгласување на Законот за задолжување во европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра, со што би се обезбедиле ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка, како и за работењето на ЕСМ во услови на криза.

Огнен Чанчаревиќ