Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Конгрес на СДСМ во услови на внатре-партиски раздор

/

пред 199 дена

Сподели преку :

Претседателот на СДСМ најави нов Конгрес на 7 јуни, откако партијата подолг период се соочува со внатрешни поделби и отворени судири со поранешни функционери кои јавно бараат оставка од него.За тоа, дали некои од нив ќе бидат исклучени од партијата, по одлуките за исклучување донесени од Извршниот одбор, ќе се дебатира на утрешниот состанок на партискиот Централен одбор. На седницата, Филипче ќе ја презентира и новата предлог-програма што треба да биде усвоена на Конгресот.

„Во врска со можните исклучувања, имајќи предвид дека постојат повеќе механизми, прво ќе дебатираме за тоа кои ќе го преземеме. На утрешниот состанок јас ќе ја презентирам новата предлог програма на партијата, на која што ќе работат и членови на Централниот одбор во следниот период, а која што е подготвена од стручните комисии во различни области, од сите сфери, за да граѓаните знаат какви политики ние ќе предлагаме последниот период“, рече Филипче.

Тој посочи дека процесот на креирање на програмата ќе заврши со нејзино усвојување на партискиот Конгрес.

На Конгресот ќе му претходи меѓународниот состанок „Скопска иницијатива“ со регионалните сестрински партии, со кои ќе потпишат заедничка платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупција и европска интеграција на регионот.

Далиборка Демјанска Цветановска

Дигитална обработка: T.Д.