Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Консументи чувствувале вртоглавица – пронајдени траги од канабис во Харибо гумени бонбони во Холандија

/

пред 507 дена

Сподели преку :

Компанијата „Харибо“ повлече пакувања со гумени бонбони од рафтови во маркети во Холандија, откако во некои биле откриени траги на канабис. Неколку луѓе, вклучително и повеќе членови на едно семејство, пријавиле дека не се чувствуваат добро по консумирање на бонбони од пакување Харибо Кола Физз од 1 килограм.

Портпаролот на агенција за безбедност на храна во Холандија (НВВА) потврди дека некои чувствувале вртоглавица по јадење од бонбоните, пренесува „Би-Би-Си“.

Портпаролот на Харибо изјави дека компанија соработува со холандската полиција за да се „утврдат фактите за контаминацијата“. Агенцијата истакна дека три пакувања биле со траги од канабис, но Харибо ја повлекол цела серија како мерка на претпазливост. Засега е непознато колку луѓе имале здравстствени проблеми по консумација на контаминирани бонбони.

Од Харибо нагласуваат дека бонбони се повлечени само во Холандија, додека нивните производи во останатите земји се безбедни за користење.