Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошта: Србија наскоро би можела да напредува во преговорите со ЕУ

/

пред 657 дена

Сподели преку :

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта изјави дека Србија наскоро би можела да постигне напредок во преговорите за пристапување во ЕУ, имајќи ги предвид некои позитивни оценки на Европската комисија и фактот дека усогласувањето со надворешната политика на ЕУ е нешто подобро од претходно, јавија српските медиуми.

„Србија не е целосно усогласена, но има напредок, особено во однос на Украина. Земјата беше многу силен поддржувач на Украина, на дипломатска, хуманитарна и воена основа и е многу важен сојузник во борбата на украинскиот народ за праведен и траен мир“, претседателот на Европскиот Совет пред медиумите во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи на утре во Брисел.

Според него, во влезот во ЕУ важен момент се преговорите меѓу Европската комисија и земјите кандидати, додека друг важен момент е едногласното одобрување на сите земји-членки за следниот чекор.