Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косовската претседателка во екот на кризата со институциите распиша локални избори на северот

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Претседателката на Косово Вјоса Османи распиша вонредни избори за градоначалници на четири општини на северот на Косово откако Србите решија да ги напуштат приштинските институции во екот на кризата околу одлуката за пререгистрирање на табличките издадени во Србија.

Османи по консултации со политичките партии ја задолжила изборната комисија за организирање избори во Северна Митровица, Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан, објавија косовските медиуми.

Косовските Срби на 5 ноември одлучија да ги напуштат сите косовски институции додека Приштина не ги повлече мерките и додека на формира Заедница на српски општини, според Бриселскиот договор од април 2013, чиј покровител е Европската Унија.