Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косовски државјанин е уапсен на граница со поголема количина брендирана облека

/

пред 120 дена

Сподели преку :

Лишен од слобода 42 годишен косовски државјанин, кој превезувал брендирана стока без документација. Тој синоќа се обидел да помине преку граничниот премин Блаце – Скопје, кај тунелот „Блаце“, кога бил запрен и уапсен од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ.
„При преглед во товарно возило „фолксваген транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина на брендирана и друга разновидна стока за која не поседувал никаква документација.
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 278 и 278а од Кривичниот законик, тој е задржан во полициска станица, а пронајдената стока е одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.