Косовското собрание сѐ уште не е конституирано и по 26-от обид. Денес не беше поддржан предлогот на „Самоопределување“ за формирање изборна комисија. Од 111 присутни пратеници, „за“ гласаа 53, а еден беше „против“.
Конститутивната седница започна на 15 април и досега не е завршена, иако седница се одржува на секои 48 часа.Продолжението на конститутивната седница е закажано за утре во 11 часот.











