Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Костадиновски: 2024 година на притисоци влијанија и манипулации, но и на крупни реформи, најдоцна до 21 март ќе се одржи подготвителна седница за Законот за јазици

/

пред 669 дена

Сподели преку :

Венецијанската комисија потврдила – ќе му даде пријателски совет на Уставен  за Законот за јазици.  Мислењето ќе го донесе на средината на март а Уставен околу 20 март ќе ја одржи подготвителната седница.

Дали ќе присуствува и претставник на Венецијанската комисија, претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски, до сега не добил одговор на оваа покана. Утре на состанок судиите ќе ја кројат и листата на експерти кои ќе го кажат својот ставот околу спорните прашања. Судијката известител предложила 20-тина професори по уставно и меѓународно право и поранешни судии за човекови права. И другите судии можат да предложат.

Костадиновски уверува дека одлуката ќе ја однесат врз основа на правни аргументи а не под притисоци. На политичарите им порача да  ги тргнат рацете од Уставен, а обидите за политизација и етнизација ги отфрли. Ги коментираше изјавите и постапките и на власта и на опозицијата.

Изјавите на албанскиот премиер Рама дека албанскиот јазик не е прашање за кое треба да одлучува уставен но и на косовската претседатeлка Османи за загрозување на правата на Aлбанците во земјава, Костадиновски смета дека се непримерни и недостојни. Тој вели, подготвителна седница за Законот за јазици ќе има и ако дел од колегите не дојдат, доколку се обезбеди кворум од пет судии.

На 29 јануари Уставен ќе носи одлука за законот за солидарен данок а на почетокот на февруари на дневен ред ќе се најдат и спорните измени на КЗ за кои Уставен се уште не се произнел дали ќе поведува постапка или не.

Според претседателот на Уставен, годинава што изминува освен што имало политички притисоци и влијанија ја одбележале и реформи и новини. Го истакна новиот Акт со кој се воведоа рокови за забрзување на постапките, а рече и дека годинава што изминува била најефикасно во последните 5 со 248 решени предмети. Го истакна и судскиот активизам со 67 одлуки по иницијатива на судот.

Елена Ивановска Мукоска