Единствената европска преговарачка рамка за Република Северна Македонија нема да пукне, без разлика колку Виктор Орбан ги нуди своите услуги“, дециден е бугарскиот европратеник Андреј Ковачев по повод одвојувањето на Македонија од Албанија на патот на интеграција кон ЕУ.
Тој потсети дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски побегнал во Унгарија, а голем дел од македонските „медиуми на ВМРО-ДПМНЕ се во рацете на Унгарците и не се, во најмала рака, многу пријателски расположени кон Бугарија, и недостига духот на добрососедство“.
Според Ковачев, главната теза на властите во Северна Македонија е дека „патот кон Европа е блокиран од Софија, Бугарите се лошите и виновни за сè“.
Политиката на Христијан Мицкоски и неговата влада и тоа што не ја почитуваат преговарачката рамка – самите се виновни за ова, но не сакаат да признаат“, изјави европратеникот за БНР.











