Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски и Ахмети не ги откриваат можните министерски места на Алијанса

/

пред 1412 дена

Сподели преку :

Владините коалициони партнери и денеска такризираат околу проширувањето на мнозинството со Алијанса за Албанците. Ниту Ковачевки, ни Ахмети не сакаат да зборуваат за можните министерски места што би ги добила оваа партија на која ѝ ја отворија владината врата.

„Вратата за влез во Владата е отворена за оние политички партии кои ги делат вредностите на владината коалиција“, изјави премиерот. Лидерот на ДУИ, пак, вели дека сѐ уште се во фаза на почетни средби.

Нема ништо конкретно дефинирано. Не сме разговарале за распределба на министерства, се очекува одржување на наредни средби. Влегувањето на Алијанса за Албанците би придонело за конструктивност и стабилност на парламентарното мнозинство, доколку целиот процес има позитивен епилог, изјави Ахмети.

На прашањето, зошто не се закажува седницата за уставни измени ако е точно тоа што го тврдат од неговата партија дека потребно мнозинство има, Ахмети одговори дека ова е премногу важно прашање за земјата и од голем интерес за сите. За тоа е потребно време и не се сомнева дека ќе биде направен вистинскиот чекор, затоа и постојано повикуваат на единство меѓу партиите.

Побара единство и во борбата против криминалот и корупцијата и сеопфатен ветинг во трите власти, законодавната, извршната и судската.

Далиборка Демјанска Цветановска