Пораки за обединување вечерва од Крушево на стартот на манифестацијата научни културни средби „Десет дена Крушевска Република”, со што официјално почнаа чествувањата на празникот Илинден. Премиерот Ковачевски во обраќање до јавноста, прифаќањето на францускиот предлог го спореди со идејата за формирањето на Крушевската република. Вели, делат исти вредности за обединување со тогашните. Еве дел од обраќањето на премиерот во Крушево.











