Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски одбива разговор за предвремени избори, блокадата на Собранието сѐ поизвесна

/

пред 1613 дена

Сподели преку :

Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници и Законот за службата во Армијата, се само дел од 70-та закони кои ќе бидат заглавени во законодавниот дом. Блокадата се најавува дека ќе трае можеби и со месеци,  сè додека премиерот не седне со опозицискиот лидер, да разговараат и да се договорат за предвремени парламентарни избори.Но, Ковачевски нема намера да го стори тоа.

Од владејачката партија обвинија и дека, Мицкоски ќе сноси одговорност за блокадата во време на економска криза, но тој им врати дека одговорноста ќе биде исклучиво нивна.

Кон блокадата се приклучија и од БЕСА, кои исто така бараат предвремени избори затоа што сметаат дека владата не е способна да се справи со предизвиците.

За предвремени избори се и од Алијанса за Албанците, но тие нема да го блокираат Собранието, затоа што сметаат дека имаат обврска да воведат во собраниска процедура предлог-закони кои ги сметаат за многу важни.  Претседателот на Собранието најави дека ќе постапува според собранискиот Деловник, (што може да се сработи, ќе биде сработено), но нема да војува со пратениците.

Далиборка Дамјанска Цветановска