Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Краткотраен прекин на струја поради дефект на преносната мрежа

/

пред 530 дена

Сподели преку :

Во раните утрински часови, поголемиот дел од државата остана без напојување со електрична енергија поради дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа.

Како што информира АД МЕПСО, прекинот бил предизвикан од високи напони на 400 киловолтната мрежа на регионално и европско ниво, кои влијаеле врз трансформаторите 400/110 киловолти.

Екипите на МЕПСО излегле на терен и реагирале, при што напојувањето било нормализирано за околу еден час.

Од компанијата истакнуваат дека работат на целосна стабилизација на системот и нагласуваат дека преку нови инвестиции и соработка со регионалните оператори се зајакнува енергетската безбедност.