Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична за двајца поранешни директори на АД Пошти за злоупотреба на над 32 илјади евра

/

пред 423 дена

Сподели преку :

СВР Скопје поднесе кривична пријава против поранешните генерални директори на АД „Пошти на Северна Македонија“  В.С. и Б.А., поради основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ согласно член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Според сознанијата од истражните дејствија, пријавените во текот на 2023 година не извршиле должен надзор врз работењето на подредените раководители, со што овозможиле набавки спротивно на Законот за јавни набавки.

Наместо дозволената граница од 24.000 евра, биле реализирани набавки во вкупен износ од 56.546 евра, со што е надминат законскиот праг за 32.546 евра.

„Со овие постапки буџетот на АД Пошти е директно оштетен за над 32 илјади евра,“ соопштија од СВР Скопје.

Предметот е доставен до надлежното Основно јавно обвинителство, кое треба да одлучи за понатамошните постапки.