Кривична пријава за гостиварец кој објавувал приватни фотографии на девојки од Гостивар. Под секоја од споделените фотографиите на социјалната мрежа „Инстаграм“ пишувал вулгарен опис.
„Пријавениот К.Н., на 28.02.2025 креирал и лажен профил на социјалната мрежа и од профилот објавил постови со фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги набавил без нивна согласност од нивни приватни профили на социјална мрежа. Исто така, злоупотребените лични податоци од пријавителките биле надополнети со текстови со навредлива содржина упатувајќи им јавни навреди од сексистичка природа“, стои во соопштението на Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност МВР.
По преземени истражни мерки и добиени податоци, лицето било повикано на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде што го признал делото, по што му е поднесена пријава.











