Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Криза со гориво во ЈСП Скопје

/

пред 383 дена

Сподели преку :

Поради финансиски недоразбирања меѓу ЈСП Скопје и добавувачот Пучко Петрол, компанијата ја запрела испораката на нафта за градските автобуси. Од Пуцко Петрол обвинуваат дека ЈСП има долгови кон нив, додека од Градот Скопје ја потврдуваат состојбата, но не даваат прецизни детали за понатамошните чекори. Според информации на Телма, во текот на вчерашниот ден во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров пристигнала само една цистерна со нафта. Тоа пак, според извори од теренот, е доволно за да се одржи дел од сообраќајот уште неколку дена, но неизвесно е дали ќе се најде решение по тој рок. Граѓаните секојдневно реагираат на недостигот од автобуси и скратените линии, поради што со часови чекаат на станиците. Состојбата дополнително го усложнува секојдневието во главниот град, особено за учениците и работниците кои зависат од јавниот превоз.