Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крмзов во инвалидска количка – судењето е одложено, а адвокатите побараа домашен притвор

/

пред 185 дена

Сподели преку :

Судењето против струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов беше прекинато по воведните зборови на обвинителството поради нарушена здравствена состојба на обвинетиот. Крмзов на денешното рочиште дојде во инвалидска количка.

Неговите бранители бараат тој да биде пуштен да се брани од домашен притвор поради нарушената здравствена состојба. Обвинителството, пак, вели дека досега не видело медицински документи кои го поткрепуваат тоа барање.

Обвинети се десет луѓе и 14 фирми за финансиски криминал тежок десетици милиони евра. Крмзов и неговите внуци од брат и сестра Васе Панајотов и Зуле Кармзова Василева, се обвинети како организатори на злосторничкото здружување кое преку формирање различни фирми, меѓусебно си издавале фактури со невистинита содржина за да може да си наплатат поврат на ДДВ од државата или да го намалат данокот што треба да го платат.

Тие негираат вина. Освен нив, обвинети се уште четворица нивни бизнис соработници и тројца сметководители.