Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крупиште-Кочани, веќе пет месеци се вози низ него, а нема поставено ниту банкини, ниту сигнализација

/

пред 1606 дена

Сподели преку :

Експресниот пат од Крупиште до Кочани кој интензивно се  гради е опасен по животот на градежните работници, но и по несовесните возачи кои транзитираат по него. На оваа делница од селото Крупиште до селото Бања кочанско по коловозот кој се гради крстосуваат авотомобили, тешки товарни возила, но и градежната механизација.

На патот во изградба нема ниту банкини, ниту сигнализација, од она што на лице место може да се забележи е дека возилата се приклучуваат од сите страни, без да се води грижа за нечија безбедност. Мештаните велат дека тие ги користат локалните патишта.

Жителите велат дека по експресниот пат од Кочани до Крупиште кој е е во изградба се вози околу пет месеци. На него се поставени  знаци за забрането движење, а и песок, но возачите ги поминуваат препреките и  не ги почитуваат забраните. Доколку се случи сообраќајна несреќа одговорноста паѓа на несовесните возачи. Вакви примери имаше и во текот на изградбата на автопатот Штип-Миладиновци.

Викторија Димитрова Јованова