Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крвава ноќ во Запорожје: Петмина загинати во жестоки напади

/

пред 105 дена

Сподели преку :

Најмалку пет лица загинаа, а 13 се повредени во масовните руски напади врз Запорошката област во текот на изминатата ноќ. Најтешко погодени биле градот Запорожје и околните населени места.

Според регионалните власти, врз областа биле извршени дури 846 напади врз 50 населени места.

Во нападите биле употребени десетици воздушни удари, стотици беспилотни летала и артилериски гранати.

Покрај човечките жртви, пријавена е и голема материјална штета. Оштетени се домови, возила и објекти од критичната инфраструктура, додека службите продолжуваат со проценка на последиците од нападите.