Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исени: И премиерот знае дека во ДУИ постојат две струии каде што едни се за СДСМ, а други се за ВМРО

/

пред 751 дена

Сподели преку :

Ќе има ли други турбуленции и прелевања на пратеници од опозицијата кон парламентарното мнозинство? Каква политичка есен претстои? Ова се дел од прашањата на кои се дебатираше во вечерашната Топ Тема на Телма.

  • „Тешко е да се живее во опозиција и дека ова е природен процес по секои избори. По мене не е аномалија на нашиот систем, но ова кај нас е распарчено, по девет по пет партии во коалиција, и вештачки е расцепкано и е неприродно и треба да се интеренира во законот, посебно за помалите партии каде се еден двајца луѓе на крај се сведува кога ќе го напуштат бродот пред следните избори“ изјави Кржаловски директор на МЦМС.

Тој додаде дека во следниот период ќе се види како ќе влијае потегот на Тачи во неговото гласање во Собранието.

  • „Сега, ако се гледаат нивните интереси освен партијата на Турците не мислам дека останатите имаат интерес да се приклучат на сегашната власт. Партијата на Турците секогаш била на власт, туку тоа е разбирливо така што тие ќе можат да ги артикулираат нивните интереси“ изјави Џелал Незири.

Тој истакна дека порано имаше поголема поврзаност на гласачкото тело со политичката идеологија на политичката партија, а сега е борба за власт, и не се бира средства за да се дојде до власт. Може да се очекува да се гледа сценарио на приклучување кон актуелната коалиција.

Во врска со повикот на премиерот до лидерот на ДУИ, Ахмети да ги исчисти криминалните структури во партијата Исени рече: „И премиерот знае и јавна тајна е дека во ДУИ постојат две струии каде што едни се за СДСМ, а други се за ВМРО, според премиерот оние кои се за СДСМ се со криминална структура. Вчерашната изјава на премиерот беше омаловажувача за Ахмети, бидејќи кога кажа дека ние ќе ти помогнеме да се расчисти тоа криминално стадо, тој како да најави апсење, по која логика еден лидер ќе прифати да се апсат негови соработници. Според мое мислење е што повеќе да го потчини ДУИ,  за  после да остави простор за некаква идна соработка  може да соработуваат“.