Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Kујача: Teaтарот не може да живее затворен тој мора да излезе од своите граници

/

пред 292 дена

Сподели преку :

Во вечерашната Топ Тема зборуваше актерката Николина Кујача која се осврна на периодите  и фазите низ кои минуваат актерите. Таа смета дека кариера е цикличен пат на многу работа, малку работа, па пак многу работа, па малку работа.

„Многу е битно за еден актер да не мисли за моментите кога работата стивнува дека тука завршува приказната. Никој не ни гарантира и никој не ни потпишува дека ние ќе имаме константно цело време нон стоп работа и ќе бидеме многу задоволни. Јас сум јас и без тоа“, вели актерката Николина Кујача. 

Таа дополнително се осврна и на театарот кој е потребно да излезе од границите на сопствената куќа, бидејќи само така ќе види колку тежи надвор од границите, но и да осознае нова уметничка содржина.

„Teaтарот не може да живее затворен во сопствените граници, во сопствената куќа. Театарот за да осети што е и колку вреди и колку тежи он мора да излезе од своите граници, он мора да види надвор до каде е и што носи како уметничка и креативна содржина“, додаде Кујача. 

Т.Д.