Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кујните во основните училишта каде има потврдено случаи на салмонела под клуч-се чекаат резултатите од анализите да потврдат дали тие се причината за заразата

/

пред 1059 дена

Сподели преку :

Нема нови случаи на салмонела во основните училишта, информира Центарот за јавно здравје. Потврдени се вкупно 12 ученици од основните училишта во Карпош, кои се во добра здравствена состојба и децата се дома.

Во сите училишта каде што има потврдено случаи на салмонела кујните се под клуч. Забраната за работа ќе важи се до отстранување на наложените санитарно – хигиенски и противепидемиски мерки, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

-Земени се брисеви од работни површини и опрема како и брисеви од жива средина – брис од грло и нос  и  копрокултура на вработени лица во посетените објекти, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните. Со решение  времено се затворени  кујните во сите шест  (6)  посетени основни училишта како и централниот магацин од каде се дистрибуираат прехранбените продукти, соопштија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Резултатите кои ќе дадат одговор на прашањето дали децата се заразиле од училишните кујни ќе бидат готови утре.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје со кои разговаравме велат дека родителите треба да ги препознаат симптомите кај децата и веднаш да ги однесат на лекар. Салмонела е бактерија која предизвикува повраќање, дијареа, гадење, грчеви во стомакот, треска и главоболка. Првите симптоми се појавуваат после 6 до 72 часа од заразувањето и траат меѓу 4 до 10 дена, а во некои случаи и подолго.

Тамара Марковска