Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Куќниот притвор на Тодоровиќ му е укинат затоа што не постои опасност од бегство, истрагата за „Феникс“ не е сопрена, велат од Обвинителството

/

пред 1109 дена

Сподели преку :

На поранешниот градоначалник на скопски Центар, Владимир Тодоровиќ му е укинат домашниот притвор, затоа што обвинителството смета дека не постои опасност од бегство, информираат за Телма, од обвинителството, од каде додаваат дека не е сопрена постапката во истрагата за случајот „Феникс“.

Тодоровиќ во јуни беше притворен за случајот како функционер осомничен дека ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот за набавката на спомениците „Скопје 2014“.

Истрагата за него сѐ уште не е запрена, но, според најновите законски измени, до крајот на годинава истекува законскиот рок за кривично гонење на Тодоровиќ за ова кривично дело.

Осомничени во „Феникс“ осомничени се и екс премиерот Никола Груевски, поранешните министри Зоран Ставрески и Елизабета Канчевска Милевска и други лица.